Косовската влада ги затвори границите за српски возила
Косовската влада ги затвори граничните рампи за влез на српски возила. Редици камиони и автомобили останаа пред граничниот премин. Премиерот Албин Курти ваквата одлука образложи дека е поради безбедносни причини, а следи откако тој обвини дека српската полиција киднапирала тројца косовски полицајци кои патролирале во близина на границата .
Овде имаме фотографија од мапата на која може да се види локацијата каде што нашите тројца полицајци беа уапсени, киднапирани. Оваа локација е 1 км (од север), 300 м (од запад) и 670 м (од исток) од границата, длабоко во територијата на Косово. Така, киднапирањето, на косовски офицери се случи внатре во територијата на Косово“.
Поради загриженоста за безбедноста, како итен чекор, зајакнати се граничните контроли со Србија со намалување на сообраќајот и поголема проверка на автомобилите што доаѓаат од Србија. Вчерашното прекршување на границата од Србија не принудува да ги зголемиме граничните контроли“.
Денеска ЕУ одговори на писмото кое косовскиот премиер го испрати до нив, и потенцираат додека не преземе мерки за деескалација на состојбата на северот од државата, дијалогот меѓу Белград и Приштина не може да продолжи. Побара итно да прекинат полициските акции околу оопштините со мнозинско српско население.
Подготвен сум да свикам средба на високо ниво со претседателот Александар Вучиќ под услов да сте подготвени да ги преземете неопходните чекори за прво да се деескалира ситуацијата и да се отвори патот за нови локални избори. Доколку сте подготвени да ги преземете потребните чекори, средбата може брзо да се организира“ вели Борел.
Вчера беа најавени и пакет казнени мерки од ЕУ до косовската Влада. Српаскиот претседателот Александар Вучиќ, од ЕУ побара да направат се што е во нивна моќ за да го спречат Албин Курти да започне нова војна на Балканот.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
