Костадинов: Струмичките пожарникари ќе бидат најплатени во државата, плата од 80.000 денари
Хероите на Струмица нашите пожарникари спасители од септември ќе ја добијат заслужената награда за својата храброст и пожртвуваност.
Со новите решенија тие ќе бидат најплатени во Македонија, со месечна плата од 80.000 денари, објави на неговиот фејсбук профил градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Според него, тоа е најмалку што можело да се направи за луѓето кои секојдневно го ризикуваат сопствениот живот за да спасат туѓ.
- Истовремено, потпишани се решенијата и за сите вработени во општинската администрација, кои согласно колективниот договор ќе добијат 20 отсто зголемување на платите. Тоа е порака дека трудот и посветеноста во служба на граѓаните не остануваат незабележани, додава во објавата Костадинов.
Струмичкиот градоначалник смета дека ниту една бројка не може да ги надомести сите стресови, ризици и одговорности, но ова било доказ дека Струмица знаела да каже благодарам не само со зборови, туку и со дела.
МИА
Ново на Сител
-
Прекумерната употреба на лекови за болка ја зголемува отпорноста кај бактериите кон лекови
-
Два пожара на отворено денеска, еден под контрола, другиот изгаснат
-
Раст на БДП во вториот квартал од 3.4 проценти
-
Муцунски на средба со македонската дијаспора во Швајцарија
-
Приведени двајца дилери, пронајден кокаин на подрачјето на СВР Струмица | ФОТО
-
Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно
-
Без вода дел од Сопиште
-
Прекин на услугите на Google предизвика проблеми за корисниците