Македонија
4. September 2025 - 18:03

Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР

 

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер. Средбата, како што информира Тошковски преку социјалните мрежи, била искрена и содржајна, со фокус на унапредување на билатералната соработка.

-Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката определба за јакнење на институциите и модернизација на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата, напиша министерот на својот фејбук профил.

Тој додаде дека партнерството со САД носи силна поддршка за реформите МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.