Костадиновски: Почитувањето на Уставот е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати честитка до сите граѓани по повод 17 ноември – Денот на Уставот и 35-годишнината од неговото донесување.
Во честитката, Костадиновски повика на заедничка посветеност кон уставните вредности, нагласувајќи дека силата на Уставот не се состои само во неговите одредби, туку и во колективната свест, одговорноста и посветеноста на граѓаните кон вредностите што ги гарантира.
-Овој значаен јубилеј е потсетник дека силата на Уставот не лежи само во неговите одредби на хартија, туку и во нашата колективна свест, одговорност и посветеност кон вредностите коишто тој ги гарантира.
Лојалноста кон Уставот е наша заедничка должност, а почитувањето на уставните вредности е чин на највисок патриотизам и љубов кон татковината - истакнува Костадиновски.
Тој посочува дека изградбата на правна држава во која владеат правото, правдата и еднаквоста е обврска на секоја генерација.
Тоа, како што истакнува претседателот на Уставниот суд, е најдостоинствениот начин да го почитуваме заветот на нашите предци и да обезбедиме иднина за поколенијата кои доаѓаат после нас.
-Да бидеме генерација која со своите дела ќе ја потврди својата верност кон Уставот и ќе придонесе за изградба на слободна, демократска и просперитетна држава. Нека ни е честит Денот на Уставот - нагласува Костадиновски.
МИА
Ново на Сител
-

Триесет и пет години од првиот Устав на независна Македонија
-

Сончево и топло до 20 степени
-

Пораз на македонската репрезентација од Словенија со 0:3
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
-

Измамници ја користат видео играта GTA VI за да крадат пари и податоци од гејмерите
-

Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид: Ќе сториме сè сторителот да одговара пред правдата
-

Попладнево повторно приведен Корабоски – нови околности во случајот
