Ковачевски: Илинденската идеја е нашиот континуитет низ вековите, Илинден живее во сите нас!
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски упати честитка по повод големиот државен празник 2 Август - Ден на Републиката, што годинава се одбележува под слоганот „120 години Илинден - Огниште на татковината“ и Денот кога пред 79 години е одржано Првото заседание на АСНОМ и воспоставувањето на нашата државност.
„Нека ни е честит и вековит Илинден-Денот на Републиката! Денеска ги празнуваме двата Илиндена, темелници на македонската државност, јазик и култура.
Го чествуваме нашето славно минато, свртени кон посветла иднина!
Денешниот историски ден да го славиме сите заедно, обединети со иста верба во нашата просперитетна иднина! Илинденската идеја е нашиот континуитет низ вековите, Илинден живее во сите нас!“, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во честитката по повод големиот празник Илинден.
„Вечна благодарност на нашите илинденци и асномци, чија борба за слободна, независна, демократска, прогресивна македонска држава и мултикултурно општество, денес е наш аманет и патоказ по европскиот пат.
Нека ни е честит Илинден - Огниште на татковината!“, се вели во фејсбук објавата на премиерот Димитар Ковачевски.
Ново на Сител
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1
-
21 јуни денот на Охридското езеро
-
ЈП „Исар“- Штип воведе 24 часовна стражарска служба на градската депонија
-
Државата ќе ги плати трошоците за складирање на јачмен се до постигнување подобра цена за земјоделците
-
Преглед на вестите од светот
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
СДСМ избра дел од кандидатите за градоначалници
-
Тема на денот со Никола Димитров