Бизнис
7. October 2023 - 16:26

Ковачевски уверува дека имаме најнизок ДДВ, Мицкоски обвинува дека се полни дупката од украдените пари

Поскапените призводи не се основни, а зголемениот данок е меѓу најниските во регионот. Ова е ставот на премиерот Ковачевски за поскапувањата на околу 1000 продукти кои владата ги смета за луксуз или  штетни за здравјето.

Вели – и натаму 1,600 производи се даночат со 5%, а останатите наместо со 18, со 10 отсто.  Можност за ревидирање најави кај еден или 2 артикли  на следната владина седница. Уверува, брашното што го кориситиме го нема на листатата, туку е други тип, а ги нема ни кашкавалите произведени од домашни производители, за кои вчера министерот за финании рече дека се водат под ист тарифен број со скапите увозни.

Кога ќе го видиме списокот на повластени производи (со 5% ДДВ) на таа листа се 1600 основни продукти, и тоа е најголемата листа на повластени производи, и тука спаѓаат основни производи. Видов шпекулации дека брашното ќе се покачи, но не е точно. Хистерија се шири за ова и сметам дека е непотребно. Така што овие производи кои се произведуваат на 5%, и се однесува на 1600 такви продукти кои остануваат на 5%, имаме гарантирани цени кои се оставени на стапки од 5%. Она што е направено е направено да го штити стандардот на граќаните, изјави Димитар Ковачевски, премиер

Одлуката за зголемување на ДДВ-то од 5 на 10 отсто стапи на сила вчера. На листата се наоѓаат и производи за кои владата донесе одлука да им за замрзнат цените, како на пример бананите и наполитанките.  Власта ги поскапува основните прехранбени произвдои, затоа што нема пари во буџетот., вели лидерот на опозицијата Мицкоски.

Одлуката за зголемување на ДДВ-то од вчера е на сила, а со нејзиното  спроведување планира да собере 70 милиони евра во буџетот.