Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица

На 19.11.2026 во ОВР Гевгелија, е пријавено дека во атар на с.Старо Конско, гевгелиско, од мобилни монтажни објекти, сопственост на правен субјект од Гевгелија, со употреба на физичка сила и погоден алат, одземени се повеќе предмети, делови од столаријата на објектот, радијатори и други предмети.
По преземени мерки од полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија, во близина на местото е затекнат Н.Д.(42) од Гевгелија, како со патничко возило на кое имало закачено приколка ги превезува предмети. Тој е лишен од слобода, а по дополнително преземените мерки од слобода е лишен и Л.С.(42) од Гевгелија.
Тие се сомничат дека во повеќе наврати во период од октомври и ноември 2026, од деловни објекти на правно лице лоцирани на брана „Конско“ одзеле делови од столарија, мебел, бела техника, радијатори, панел и други предмети, при што врз основа на судски наредби, биле извршени претреси на повеќе локации во Гевгелија, кои го користат Н.Д. и Л.С. при што биле пронајдени и одземени предметите и истите ќе бидат вратени на сопственикот.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случаите против лицата ќе биде поднесена кривична пријава.
Ново на Сител
-

Судијата Ристов го оспорува начинот на собирање на доказите
-

ОЈО Охрид: Поднесено обвинение против две лица и две фирми поврзани со смртта на Љушев
-

Светски ден на детето
-

Преглед на вестите од светот
-

Изби пожар на вториот спрат во Болницата „8 септември“ - пациентите евакуирани од Одделот за ортопедија
-

Ново вештачење на судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов
-

МВР со предупредување до родителите: Препознајте ја опасноста од групата „764“ - заштитете ги децата
-

СДСМ поднесе 225 амандмани на буџетот за следната година
