Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци

Милиони деца бегалци би можеле да го изгубат пристапот до образование поради кратењето на средствата за ОН, што ја продлабочува кризата со финансирањето на училишните програми, предупреди денеска Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР).
Околу 5,8 милиони деца и млади бегалци минатата година не посетувале училиште, што претставува 44 отсто од проценетите 13,1 милион деца бегалци во светот, соопшти УНХЦР.
Најмалку две од три деца бегалци посетувале основно училиште, но само едно од три имало пристап до средно образование.
Сепак, бројот на оние што го продолжиле образованието по средното училиште достигнал рекордно ниво. За првпат, повеќе од 450 илјади студенти бегалци во 2025 година продолжиле на универзитети или во институции за стручно образование, соопшти УНХЦР.
Тоа претставува 11 отсто од студентите бегалци кои ги исполнуваат условите, што е зголемување од девет отсто во 2024 година.
„Образованието ми даде можности што раселеноста инаку можеше да ми ги одземе“, изјави високиот комесар на ОН за бегалци, Бархам Салих, кој и самиот како бегалец од Ирак се школувал во училиште за бегалци во Иран. Подоцна студирал во Велика Британија и докторирал по статистика и компјутерски апликации во инженерството.
„Во време на силен притисок врз хуманитарното и развојното финансирање, кратењето на средствата за образование ризикува да ги поништи децениските заеднички инвестиции и да ги затвори можностите за една генерација млади луѓе“, рече Салих.
УНХЦР проценува дека му се потребни 8,5 милијарди долари за финансирање на своите активности оваа година, но досега се обезбедени само околу третина од потребните средства.
Бројни земји ги намалија своите буџети за развојна помош. Германија како еден од најголемите донатори на помош во светот, исто така се очекува во 2027 година да го намали буџетот за развојна помош петта година по ред.
МИА
Ново на Сител
-

Лидерот на СДСМ упати остри обвинувања за изолација и навреди кон премиерот
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-

Климатските промени и војната на Блискиот Исток ќе ја поскапат храната
-

Кoс: ЕК на 6 октомври ќе предложи нови идеи за постепена интеграција во ЕУ
-

Македонски државјанин ширел лажни вести и дезинформации во интерес на Русија
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче удри на два фронта - „идиот“ за Мицкоски, „шлепер“ за сопартијците
