-->
-->
Кремљ: Денеска важно обраќање на Путин
-->
Рускиот претседател Владимир Путин денеска треба да и се обрати на јавноста, потврдија од Кремљ. Говорот треба да започне околу 15 часот по средноевропско време.
Путин ќе зборува пред учесниците на панелот организиран од московскиот „Валдаи“ институт, со можност прашања да поставуваат независни новинари и аналитичари од западните земји.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече дека говорот на Путин ќе биде „анализиран, читан и препрочитуван уште неколку дена“.
„Тоа е главниот настан на денот што дефинитивно ќе треба подоцна да се анализира, неговата содржина да се проучува, чита и препрочитува“, изјави Песков.
Темата на годинашниот собир е „Светот надвор од хегемонијата: правда и безбедност за сите“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
-

Тошкоски на средби во Вашингтон
