Кремљ: Оставката на Стармер веројатно нема да го промени непријателскиот став на Велика Британија кон Русија

Кремљ соопшти дека оставката на британскиот премиер Кир Стармер, кој е силен поддржувач на Украина, веројатно нема да го промени тоа што Москва го опишува како „непријателски став“ на Лондон кон Русија.
Претходно денеска Стармер соопшти дека поднесува оставка, ветувајќи дека ќе обезбеди организиран трансфер на власта на новиот лидер најдоцна до септември, за да се избегне политичка нестабилност додека Велика Британија се подготвува за својот седми премиер во последните 10 години.
„Стармер не направи ништо за да се истакне по прашањето на британско-руските односи. Тој отсекогаш бил приврзаник на поддржувањето на односите на практично нула ниво. Малку е веројатно дека некој на британската политичка сцена ќе заземе став за нашата земја што е различен од оној на Стармер“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
МИА
Ново на Сител
-

Европските либерали од Скопје ќе иницираат укинување на ветото во ЕУ
-

Дебелината кај децата, аларм за родителите и институциите
-

Средношколците се борат за награда од милион денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Од вторник построги услови за купување втор стан
-

Заврши состанокот на процесот Брдо-Бриони: Проширувањето да биде императив
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка од СДСМ
-

Расчистено убиството кај Смилковско - осомничениот открил како го извршил делото
