-->
-->
Кремљ: Тричасовната средба меѓу Виткоф и Путин беше „корисна и конструктивна“
-->
Тричасовната средба меѓу специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф и рускиот претседател Владимир Путин беше „корисна и конструктивна“, изјави денеска советникот за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.
Разговорите меѓу Виткоф и Путин се случија само два дена пред истекот на крајниот рок даден од американскиот претседател Доналд Трамп за Русија да договори прекин на огнот во Украина или да се соочи со нови санкции.
Ушаков изјави за руски телевизиски канал дека двете страни разговарале за конфликтот во Украина и потенцијалното подобрување на односите меѓу САД и Русија.
Тој додаде дека Виткоф добил одредени „сигнали“ за украинското прашање, а Москва добила релевантни пораки од американскиот претседател Трамп.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп