Криел десет лаптопи во изнајмено возило – го фатиле цариниците на Богородица

Македонски државјанин е фатен при обид за криумчарење десет преносни компјутери од марката DELL во вредност од речиси 13 илјади евра при влез во државата на граничниот премин Богородица, соопшти Царинската управа.
Случајот e откриен од царинските службеници кои, поради основано сомнение, извршиле претрес на возило во сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од осомничениот. При контролата, на различни места во возилото биле пронајдени нови лаптопи од марката DELL.
Во предистражната постапка спроведена од страна на Одделението за истраги е утврдено дека осомничениот, откако во Солун од карго-компанија подигнал десет преносни DELL компјутери, со намера да ги криумчари, на паркинг простор во Грција ги скрил на различни места во возилото со кое патувал.
Против лицето е поднесена кривична пријава до ОЈО Гевгелија поради основано сомнение за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.
Царинската управа, како што наведува, продолжува со активностите насочени кон заштита на финансиските интереси на државата и обезбедување услови за фер економија.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
-

Гром предизвика огнена драма над Штип, за среќа пожарот е изгаснат
-

Ѓорѓиевски: Утврден е сериозен недостаток на пожарникари во целата држава
-

Законите што ќе овозможат изградба на дата центри без дебата го поминаа првиот собраниски филтер
-

Алиу – Новиот клинички центар во близина на ГОБ 8-ми Септември најповолно решение
