Кривичен суд: Реализирана прва екстрадиција од Емиратите во нашата земја

Основниот кривичен суд Скопје соопшти дека е реализирана првата екстрадиција од Обединетите Арапски Емирати во нашата земја. Станува збор за лицето Ф. Л., кое со правосилна пресуда од 10 јуни 2020 година е осудено на казна затвор од три години и шест месеци за кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Според информациите од Кривичен, судијата за извршување санкции на 26 јануари 2021 година изготвил упатен акт за издржување на казната, но осудениот не се јавил во затвор. Поради тоа, на 18 јануари 2022 година била издадена наредба за распишување потерница, а откако МВР известило дека лицето е недостапно и надвор од државата, на 24 март 2022 година била распишана меѓународна потерница и екстрадиција.
На 21 мај 2025 година Министерството за правда го информирало судот дека осудениот е лоциран во Обединетите Арапски Емирати. Надлежниот судија ги обезбедил сите потребни списи и преводи на арапски јазик, кои преку Министерството за правда биле доставени до властите во Емиратите. На 10 февруари 2026 година тие известиле дека Ф. Л. ќе биде екстрадиран во Северна Македонија.
Потоа, како што дополнуваат од Кривичен, Казнено-поправната установа Идризово – Скопје потврдила дека лицето е спроведено од страна на Интерпол на 20 февруари 2026 година за издржување на затворската казна.
МИА
Ново на Сител
-

Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од 40 отсто од светскиот БДП
-

ФИФА: Сè уште нема одлука каде ќе се игра финалето на СП2030
-

Трамп на комеморацијата за нападите од 11 септември 2001 година: Иран не смее да има нуклеарно оружје
-

АНБ со документарен филм за историјата, сегашноста и иднината на безбедносната Служба
-

Вучиќ соопшти дека ќе поднесе оставка на 25 или на 26 септември
-

Превозниците нема да протестираат в понеделник, ќе се бара решение со ЕУ
-

Приведен помошник директор во Царина за мито од 17.500 евра
-

Пријавени три жени кои си ги тепале мажите во Центар, Велес и Берово
