Кривичниот суд Скопје започнува дигитална трансформација со поддршка од вештачка интелигенција
Основниот кривичен суд Скопје, Здружението на судии на РСМ и приватната високообразовна институција Бреинстер Некст денеска потпишаа Меморандум за соработка со цел воведување иновативни дигитални алатки и технологии базирани на вештачка интелигенција за подобрување на судските постапки и унапредување на пристапот до правдата.
Студентите од Бреинстер Некст ќе учествуваат во практична работа во судот, развивајќи апликации кои ќе овозможат
пренос на аудио записи од расправите во текстуален формат на македонски јазик, унапредена технологија за снимање аудио и видео, брзо и автоматско анонимизирање на судски пресуди, подобрување на веб-страницата и активна комуникација преку социјални мрежи.
Во рамки на соработката, се гарантира заштита на личните податоци, без пристап на студентите до неправосилни предмети, во согласност со законските прописи.
Иницијативата има за цел да го олесни работењето на судиите, да обезбеди ефикасност, транспарентност и пристапност, и да ја збогати судската пракса со објавени пресуди од интерес за медиумите, НВО секторот и пошироката јавност.
МИА
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер