Бизнис
13. February 2024 - 16:47

КСС: Во јавниот сектор врие од корупција и непотизам

Јавниот сектор врие од корупција, а здравството, судството и полицијата се најкорумпирани, велат од Конфедерацијата на слободни синдикати. Проблемот не е во вработените, туку во политичарите, односно избраните и именувани функционери, кои носат закони, но не ги спроведуваат. Политичкото влијание е влезено во сите пори и  за да се сузбие секој мора да  си ја работи работата за која што е платен, велат од синдикатот.

- За корупција нема оправдување. Селективноста, непочитуање на законските обврски, менување на огласите само за да влезат нивни кандидати, па дури и системот за напредок во кариерата, доведоа до непрофесионални кадри во сите институции, изјави Боби Додевски, Синдикат на полиција.

Решението за сузбивање на корупцијата и непотизмот во јавните институции синдикатот го гледа  во дигитализација на услигите кои ги добиваат граѓаните, воведување МЕРИТ систем, кој ќе покаже кој работи, а кој не. Се предлага и мораториум, односно  стопитрање на сите вработувања во институциите, за да се пребројат каде фалат, а каде има вишок работници.

- Големата корупција е на врвот. Заради тоа имаме пониски плати, проблем на работното место, некои се и психички малтретирани, изјави Благоја Ралповски, престедател на Конфедерација на слободни синдикати  Само партсики послушници ќе бидат наградени.

Администарцијата не е функционална, бидејќи не владее правото. Со ова се праќа и негативна порака кон младите.

Пораките од истражувањето за корупцијата во јавниот сектор, од власта немаше кој да ги слушне. Надлежните за информатичко општество и јавна администрација, иако најавиле, во последен момент го откажале присуството. За проблемите со кои се соочуваат вработените во овие институции, од синдикатот бараат очи в очи да разговараат со власта.