Бизнис
25. March 2026 - 16:32

Поскапувањето на храната е неминовно, се очекува повисока инфлација

Поскапувaњето на храната ќе биде неминовно. Први на удар од зголемувањето на цената на горивата ќе бидат потрошувачите. Затоа од Бизнис конфедерацијата бараат – неместо со помало ДДВ, државата да интервенира во делот на акцизата. Нафтата е клучен инпут во произвoдствениот и трaнспортниот сектор, скок на цените и кратење на трошоците мора да има.

-Ние не користиме електрична енергија за транспорт. Затоа први на удар од поскапувањето ќе бидат потрошувачите. Храната, услугите први ќе поскапат и тоа е неминовно и ќе се случи, изјави Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерација.

И од владата веќе најавија дека очекуваат зголемување на инфлацијата доколку продолжи кризата на Блискиот Исток. Повисоки трошоци за живот ќе има и во Еврроспката Унија. Денеска претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард најави можно затегање на монетарната политика, иако каматните стапки за сега остануваат исти.

„Бидејќи ефектите од значајните ценовни шокови врз инфлацијата можат да бидат нелинеарни, треба да работиме со сценарија и да обрнеме големо внимание на раните предупредувачки знаци дека шокот се вградува во пошироката динамика на инфлацијата„Нема да дејствуваме пред да имаме доволно информации за големината и трајноста на шокот и неговото ширење. Но, нема да бидеме парализирани од двоумење бидејќи нашата посветеност за постигнување инфлација од 2% на среден рок е безусловна“, рече Лагард во говорот во Франкфурт.

Додека загриженоста од подгревање на инфлацијата во светот расте, изјавите на Трамп дека се преговара со Иран за крај на војната, иако официјален Техеран демантира, и денеска  ги спуштија берзанските цени на нафтата. Барел се продава под 100 долари.