Што треба да преземе Владата, за да се намалат инфлациските очекувања?
Владината мерка за намалување на ДДВто кај горивата од 18 на 10 отсто привремено ќе го заштити животниот стандард кај граѓаните. Иако најсилно оружје не се вади на почеток, експертите сугерираат дека ќе има фискални импликации врз буџетот. Лошо е и што не е таргетирна. Подобри ефекти ќе се постигнеа ако се реагираше во делот на акцизата и ако се комбинираше со други одлуки.
-Ова е класична, политичка одлука и може привремено да го намали порастот на цените. но не е таргетирана, не е насочена на ние кои најмногу тошат – како прехранбената индутрсија, превозниците, социјално ранливите категори граѓани. Можеше да се комбинира со многу потаргетирани мерки, изајви Борче Треновски, универзитетски професор.
Неизвесноста колку долго ќе трае војната на Блискиот Исток и последиците од неа - никој не може да ги предвиди. Но за да се смират очекувањата кај граѓаните и владата да го задржи кредибилитетот – мора јасно да каже што ќе презема при пораст на цената.
-Објавување рамка пакет мерки на каков нафтен шок како ќе одговори. Будно да ги следи и да фискалните мерки, неизвесна е ситуацијата и да ги следат ранливите категории, додава Треновски.
Во меѓувреме, Владата разгледува можност и за евенуално преземање нови мерки. Додека трае ултимуатумот од Трамп до петок да не се уништува енергетската и водооводна инфараструктура на Иран, Техеран почна да наплаќа за премин низ Ормутскиот теснец.
Преку таканаречениот Техерански коридор за патарини, најмалку два брода му платиле за безбеден премин, по околу 2 милиони евра, пренесува Лојд Листа. Според нив, најмалку 20 танкери со носивост од над 10 илјади тони поминале низ овој коридор.
И додека се чека нека некаков епилог од преговорите за кои Трамп трвди дека се водат со Иран, Пакистан се понуди да биде домаќин на мировните преговори за да се стави крај на конфликтот.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
