-->
-->
Кушовски за автобусот кој се запали: Најверојатно се работи за запалена инсталација
-->

Директорот на ЈСП „Скопје“ Драги Кушовски за МИА потврди дека автобус на ова јавно сообраќајно претпријатие се запалил под Железничката станица и појасни дека е направен увид, но се уште нема официјални податоци за причините.
Тој рече дека биле на местото на настанот при што е констатирано дека автобусот бил паркиран и во него немало патници. Според него, најверојатно се работи за запалена инсталација.
Како што објавуваат медиумите, пожарот избил во задниот дел кај моторот, по што веднаш била повикана противпожарна бригада, која спречила проширување на пожарот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Се поизвесно покачување на водата во Прилеп за 29,3% - Водовод должи 40 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Швајцарскиот премиер за надворешни работи во Скопје
-

Врнежите ги подобрија условите за есенската сеидба во Овче Поле
-

Преглед на вестите од светот
-

Ученик активирал солзавец за време на час
-

Teма на денот со Тимчо Муцунски
-

Рокас: Овој извештај е подобар од претходниот, Мицкоски бара фер европски процес
