Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика
Украинскиот режим го издигна неонацизмот на ниво на државна политика, оцени денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој ги обвини Вашингтон и Брисел дека ја предизвикале украинската криза.
– Особено е важно во годината на 80-годишнината од големата победа во Втората светска војна да се посвети внимание на зачувувањето на историската вистина, пред сè во врска со настаните од тој период. Тоа е неопходно за спротивставување на варварската идеологија на неонацизмот, кој злосторничкиот режим во Киев го издигна на ниво на државна политика, рече Лавров во обраќањето до учесниците на 16. Меѓународна конференција на Јалта.
Тој додаде дека конференцијата значајно придонесува за непристрасно разбирање на актуелните глобални политички прашања – од евроазиските интеграции до решавањето на бројни конфликти.
– Ќе разговараме и за деструктивната улога на колективниот Запад на постсоветскиот простор, вклучително и во контекст на украинската криза, која ја предизвикаа Вашингтон и Брисел, истакна Лавров.
МИА
Ново на Сител
-
Муцунски во посета на САД, средба со конгресмени и сенатори
-
Протест со повик „Ниту една повеќе“
-
Тема на денот со Сузана Јошевска Анастасовска, адвокатка
-
Две години затвор за Лидија Димова, треба да врати над 350.000 евра на Националната агенција за европски образовни програми
-
Трубарево и Дрисла под контрола - учениците во четирите училиште в понеделник се враќаат на настава
-
Политички реакции за фемицидот во Велес
-
Стартуваа обуките за јавната администрација - премиерот најави департизација на јавниот сектор
-
За сигурни пензии ќе мора да се зголеми старосната граница за пензионирање