-->
-->
Лавров: САД сакаат да го купат европскиот дел од Северниот тек
-->

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, денеска изјави дека САД сакаат да го купат европскиот дел од „Северен тек“ за да го препродаваат рускиот гас.
„Американците во моментов преговараат, или барем ни кажаа дека ова е нивниот план да го купат европскиот дел од „Северен тек“. Да го обноват и да ја преземат контролата. Но, ништо освен нашиот гас не може да се пумпа низ гасоводот“, рече Лавров, говорејќи на 12-от Меѓународен научен и експертски форум „Примаковови читања“, пренесуваат руските медиуми.
Тој заклучи дека Русија ќе го пумпа гасот и дека тие, како што претпоставува, ќе го препродадат со голема маржа.
Експлозиите на гасоводите „Северен тек 1“ и „Северен тек 2“ се случија на 26 септември 2022 година.
MИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
-

Откриена голема римска бања кај прилепскиот локалитет „Долиште“ - кој антички град се крие тука?
-

21 јуни - Денот на охридското езеро
-

Потребен национален систем за управување со земјоделската пластика
