Лазаров: Одигравме екстра квалитетен ракомет, честитки за моите избраници

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, не го криеше задоволство по вечерашната победа над Швајцарија во 3.коло на Европското првенство во Германија.
Лазаров го пофали целиот тим кој успеа да ја прекине серијата без победа на евро-шампионатите која траеше четири години.
– Честитки до сите. Одигравме екстра квалитетен натпревар, со голема борбеност, мотивираност, многу жар. Ја посакувавме повеќе победата. Многу сум задоволен и среќен од презентираното. Ги сведовме на минимум техничките грешки за разлика од претходните два натпревара кога грешевме можеби од преголем респект. Благодарам на сите кои ни дадоа поддршка. Искрено ми е драго за момците и за цела Македонија, истакна македонскиот селектор.
Македонија со оваа победа заврши на третото место во групата и обезбеди место помеѓу носителите во мундијалските квалификации.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Една година од трагедијата во Кочани
-

Тема на денот со Петре Шилегов, адвокат
-

140-тина повредени во “Пулс” добиваат континуирана медицинска поддршка
-

Во спомен на загинатите во Кочани
-

Утре ќе се објават новите цени на горивата, се стравува од подгревање на инфлацијата
-

Војната на Блискиот Исток не се смирува
-

СДСМ обвинува за енергетска мрежа поврзана со Мицкоски и регионални компании
