Македонија
16. August 2025 - 9:34

Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром

Денеска (16.08.2025) во 02:41 часот на телефонскиот број 112 е добиена пријава за поставена бомба во авион кој од "Меѓународниот аеродром Скопје" требаше да полета кон Турција.

Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни активности и извршени се потребните проверки од страна на антитерористичката единица при МВР и утврдено е дека пријавата е лажна односно дека нема никаква експлозивна направа.

Околу 06 часот аеродромот продолжи со редовно работење.