Летниот распоред на летови почнува со 10 нови дестинации од аеродромите во Скопје и во Охрид

Од 29 и 30-ти март, Виз ер воведува три нови авиолинии до Милано, Неапол и Будимпешта. Мрежата на авиолинии на скопскиот аеродром се проширува со вкупно шест нови дестинации, додека на охридскиот аеродром - со четири нови дестинации.
Летниот распоред на летови од двата македонски аеродроми управувани од ТАВ Македонија, почнува престојниов викенд - во недела на 29 март и со него ќе има вкупно 10 нови дестинации - шест нови авиолинии од Меѓународниот Аеродром Скопје: Неапол, Будимпешта, Палермо, Алгеро, Трабзон и Самсун, како и четири нови авиолинии од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид - Милано, Виена, Вроцлав, Катовице.
-Сите 10 нови авиолинии што ќе бидат воведени со летниот распоред на летови на аеродромите во Скопје и во Охрид оваа година, претставуваат значаен чекор напред кон проширување на мрежата на дестинации. Тоа ќе овозможи подобра поврзаност на земјата со нови атрактивни градови, ќе отвори нови можности за туристички патувања за нашите ценети патници возаминување, места кои беа многу барани и потребни, но во исто време ќе придонесе за дојдовниот туризам со тоа тоа што странски туристи ќе доаѓаат во Македонија, преку Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Сезоната почнува со воведувањето на новата линија Милано - Охрид оваа недела на 29 март. Потоа, во понеделник, на 30 март, ќе почнат новите летови од Скопје до Неапол, а летовите од Скопје до Будимпешта ќе се вратат на редовниот распоред на летови. Уверен сум дека сите нови дестинации ќе создадат голем интерес кај патниците и ќе придонесат за континуитет на двоцифрениот пораст на патничкиот сообраќај што го бележиме од почетокот на 2026 година на двата македонски аеродроми “, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.
На 29 март, недела, Виз eр ја воведува новата линија Милано - Охрид, додека на 30 март авиокомпанијата ќеапочне да лета од Скопје до Неапол, како нова атрактивна дестинација во Италија, истовремено враќајќи ја редовната линија од нашиот главен град до главниот град на Унгарија - Будимпешта.
Од 2 и 3 јуни, Анадолија џет ќе го поврзе скопскиот аеродромот со Трабзон и Самсун, додека од 15 и 18 јули, Виз ер ќе го поврзе главниот град на Македонија со Палермо (Сицилија) и Алгеро (Сардинија).
Во рамките на летниот распоред на летови за 2026 година, кој почнува кон крајот на март и завршува на крајот на октомври, 15 авиокомпании ќе летаат до 54 дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје, вклучувајќи ги редовните летови преку целата година и сезонските летови, додека истовремено седум авиокомпании ќе летаат до 24 чартер дестинации, што е вкупно 78 дестинации од главниот град на земјава.
Од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, во летниот распоред на летови, осум авиокомпании ќе летаат до 17 дестинации, од кои 14 се редовни дестинации преку целата година и сезонски дестинации, додека три се чартер-летови.
По воведувањето на новата авиолинија од Охрид до Милано, во јуни Виз ер ќе почне да лета и од Вроцлав и Катовице до Охрид. Од 17 мај, Аустриан ерлајнс ќе почне со летови од Охрид до Виена. Претходно овој месец, на 17 март, Виз ер веќе започна да лета од Охрид до Братислава.
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги заврши првите два месеци од 2026 година со 539.474 патници на Меѓународниот Аеродром Скопје и на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид. Ова е зголемување од 31% на бројот на патници во споредба со истиот период во 2025 година. Во исто време, бројот на летови (3.766) порасна за 14%.
МИА
Ново на Сител
-

Министерот за здравство не открива кои доктори незаконски заработувале над 10.000 евра месечно
-

Расте бројот на пациенти со меланом - најзагрозени на истокот од државата
-

Потврда на идентитетот, повисоки плати и пензии и даночни олеснувања – СДСМ ја промовираше програмата
-

Стартува собраниската расправа за законот за Совет на јавни обвинители
-

УМС на ВМРО-ДПМНЕ домаќин на настан на студентската организација на Европската народна партија
-

Домот за стари лица во Кочани станува реалност
-

Охрид со богата културна програма привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
