-->
-->
Лице од демирхисарско ја запалило плевната на свој соселанец
-->
На 23.05.2025 во с.Слоештица, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишија од слобода Н.М.(69) од с.Слоештица.
Имено, во ОВР Демир Хисар е пријавено дека настанал пожар на куќа во с. Слоештица, а по преземени мерки е констатирано дека Н.М. запалил гранки помеѓу куќа и плевна, сопственост на А.П.(45) од Скопје, при што била зафатена плевната која целосно изгорела.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Демир Хисар, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Демир Хисар и по документирање на настанот против лицето ќе следува соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Да не бидеме пасивни набљудувачи на врсничкото насилство
-
СДСМ обвинува за спорни тендери во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ: Најголемите криминали во здравството во времето на Филипче
-
Останува рокот: Aвтопатот Охрид-Кичево готов до крајот на следната година
-
80% од храната што ја јадеме ја увезуваме - како до зголемено земјоделско производство?
-
Од 1-ви септември средно стручно образование за возрасни
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче повикува на средба