Лидерите на ЕУ во Брисел ќе разговараат за безбедноста, Украина и проширувањето

Економската сигурност, повеќегодишниот финансиски план на Европската Унија, одбраната, актуелната состојба на Блискиот Исток и процесот на приклучување на нови земји кон Унијата спаѓаат меѓу најважните теми на дискусија во рамките на Европскиот совет, кој денес и утре ќе одржи состанок во Брисел.
Особено внимание на средбите ќе биде посветено на безбедноста на источните граници на ЕУ, како реакција на сѐ почестите инциденти со упади на руски беспилотни летала во европскиот воздушен простор и неодамнешните штети предизвикани на територијата на Романија.
Претседателот на Советот на Европа, Антонио Кошта, во своето писмо до учесниците на состанокот, нагласи дека овие настани го истакнуваат итното барање за напредок во заедничката политика за одбранбена подготвеност, вклучувајќи го и засилувањето на источните фронтови на Унијата.
Европските лидери ќе имаат можност да го сослушаат обраќањето на украинскиот претседател, Володимир Зеленски, откако оваа недела Украина и Молдавија ги стартуваа преговорите по првото преговарачко поглавје во процесот на нивното пристапување кон ЕУ.
Кошта оцени дека, покрај постигнатиот напредок од земјите од Западен Балкан, постои нова динамика во политиката на проширување на Унијата.
На дневен ред се, исто така, и прашањата поврзани со зголемувањето на цените на енергенсите, миграцијата, како и зајакнувањето на економската конкурентност на Европската Унија.
Се очекува лидерите на земјите-членки да усвојат конечни одлуки со кои ќе ги утврдат идните приоритети на Унијата во сферата на безбедноста, економијата и процесот на проширување.
МИА
Ново на Сител
-

Следуваат законски измени за построги казни за возачите на електричните тротинети
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Уапсен поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски
-

Мицкоски: Mинистрите што се уморни чесно е да си одат
-

Филипче: Нема да бидеме алиби за предвремени избори
-

Мицкоски најавува европски „маратон“, Филипче обвинува за демагогија и бегање од преговорите
-

Стартува национална иницијатива за намалување на семејното и врсничкото насилство
