Лидерите на партиите се договорија - митинзите и конвенциите се заменуваат со други средства за промовирање
Засега нема потреба за одложување на изборите на 12 април поради состојбата со корона вирусот, порачаа политичките лидер по средбата со техничкиот премиер Оливер Спасовски токму поради ширењето на болеста.
Сите политички партии се согласиле да се однесуваат одговорно во предизборниот период без да ја зголемуваат паниката, но и да не го загрозат здравјето на луѓето. Лидерите потврдија дека ќе ја почитуваат забраната за собири која трае најмлаку до 24 март, иако кампањата почнува на 23-ти. Најавуваат поинков вид на кампања од митнзи и средби со граѓаните.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара и посебна соработка на Владата со стопанството.
Апел од Села пак, фармацевските компании да не профитираат во оваа состојба.
Спасовски пак, потврди дека стоковите резерви се стабилни, а за економски мерки засега нема потреба иако Владата е подговена.
Премиерот порача да се следат само официјалните информации со корона вирусот. Најави дека политичките партии на дневно ниво ќе бидат информирани за се она што се случува во Кризниот штаб.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
