Лидија Димова осудена на казна затвор од две години
Основниот кривичен суд Скопје ја прогласи за виновна поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова за кривичното дело злоупотреба на службена положба и овластување и ја осуди на казна затвор од две години.
Димова треба да плати и судски паушал од 10 илјади денари и да ги покрие судските трошоци, како и во рок од шест месеци треба да ја надомести и штетата од 22,7 милиони денари на Националната агенција.
Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска, ги ослободи Димова за делото измама, како и третообвинетата Ана Павлиду за „несовесно работење во службата“.
Димова со нестручно и несовесно постапување овозможила противправна имотна корист на трети лица со што е направена штета од 2,818 илјади денари на Европските фондови.
- Во делот на измама на штета на европски фондови не е опишан начинот на кој е извршено делото и не е јасно наведено на кој начин, дали и како биле искористени лажните податоци. Без вакви елементи недостига основ на делото измама и судот беше спречен објективно да оцени дали обвинетата пропуштила и дала невистините податоци и со тоа предизвикала штета на фондови на ЕУ. Судот во тој дел беше должен да донесе ослободителна пресуда, рече судијката.
Застапник на обвинението е обвинителката Сузана Мирческа Кузмановска.
Обвинението против Димова е поднесено во јуни 2022 година.
Според Обвинителството Димова, во периодот од 2018 до 2020 година, како одговорно лице – директор на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, со намера за друг да прибави значителна имотна корист, ја злоупотребила својата службена положба и овластување и постапила спротивно на одредбите од Законот за јавни набавки, Законот за основање на Национална агенција за европски образовни програми и мобилност. Непочитувајќи ги начелата на законитост, еднаквост и јавност, без да објави јавен конкурс, не постапила совесно, стручно и непристрасно и ги дискриминирала потенцијалните кандидати, овозможувајќи повластување на повеќе надворешни лица со кои склучила поединечни договори и ги ангажирала како соработници, експерти, обучувачи и др.
МИА
Ново на Сител
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки
-
Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево
-
Лука Змејкоски освои бронзен медал, не се пласира во финалето на ЕП
-
Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари