-->
-->
Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи
-->

Лишени од слобода биле две лица од кавадаречко Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи.
Како што информираа денеска од Секторот за внатрешни - работи Велес, вчера попладне во 17:40 часот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци лишиле од слобода две лица од кавадаречкото село Марена.
При извршување службени задачи во селото Марена, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес“, што го управувало едното лице, а другото било сопатник. Притоа, пронајдени и одземени биле огревни дрва без соодветна документација и без жиг.
-Тие биле приведени во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР - Велес.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
