ЛШ: Минимален пораз за Вардар на гостувањето во Полска

Ракометарите на македонскиот ракометен првак Вардар го претрпеа и четвртиот пораз во групата од Лигата на шампионите откако вечерва загубија минимално со 33:32 кај Висла. Во текот на целиот натпревар екипата на Полска беше во постојано водство.
Резултатот последен пат беше нерешен кога беше 5:5, а потоа Висла направи серија од 5-0. До крајот на првиот дел Вардар намали на 16:13.
При резултат 21:19, Вардар не реализираше седмерец, а домашниот тим го искористи тоа и ја одржуваше предноста на три до четири разлика. До крајот на дуелот Вардар успеа само да ја намали предноста на противникот. Најефикасен на дуелот беше Јака Малус со 9 голови, додека кај Висла Фредерик Бјере постигна 7 голови.
На чело на табелата во групата Б се Висла и Нант со по 6 бодови, Мелсунген има 4, а Вардар е без бод.
Вардар следниот натпревар го игра на гости против Нант на 21.октомври.
МИА
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
