Лукашенко: Ако сега не ја запреме војната во Украина ќе избувне трета светска војна

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, на IV Меѓународна конференција за евроазиска безбедност, што се одржува во Минск, изјави дека војната во Украина ќе заврши за неколку месеци.
- Војната во Украина ќе заврши во рок од неколку месеци. Тоа е мое лично мислење. Сите се исцрпени, повеќе нема ресурси, сите се уморни, наведе Лукашенко, додавајќи дека не мисли на материјални ресурси, туку дека сите се уморни од војната.
Тој посочи дека војната можела да заврши за неколку недели, дури и денови во 2022 година.
- Но, западните „пријатели“ на Киев бараа борба „до последниот Украинец“ и го снабдуваа нашиот јужен сосед со оружје. Гледавме како транспортери се движат во близина на нашите граници. Изгубена е правата можност за постигнување на мир и спас на илјадници животи, наведе Лукашенко.
Тој додаде дека ако сега не биде завршена војната во Украина, како што предлага американскиот претседател Доналд Трамп, ескалацијата може да доведе до трета светска војна.
- Ако не ја запреме војната во Украина сега, како што предлага Трамп, туку продолжиме по патот на ескалација, сигурно ќе стигнеме до трета светска војна. Големите политичари веќе отворено зборуваат за тоа како би можела да заврши. Не можете да се скриете од нуклеарен удар дури ни од другата страна на океанот. Затоа Трамп прави нешто многу важно, наведе Лукашенко.
МИА
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
