Маѓар: Ограничувањата на цената на горивата ќе останат на сила и по преземањето на власта

Лидерот на партијата „Тиса“, Петер Маѓар, најави дека ограничувањата на цените на бензинот и дизелот ќе останат на сила и по формирањето на новата влада во Унгарија.
Во објава на својот фејсбук-профил Маѓар посочи дека договорот бил постигнат по разговори со извршниот директор на „МОЛ“, Жолт Хернади, на средбата на која присуствувале претставници на партијата и на раководството на компанијата.
„Обезбедено е континуирано снабдување со гориво, дури и во услови на турбуленции на глобалните пазари“, наведува Маѓар.
Тој го повика премиерот во заминување Виктор Орбан барем до крајот на мај да ја продолжи мерката за намалување на акцизите на горивата, а која истекува на 30 април.
Маѓар информираше дека со Хернади разговарал и за дивидендата од 25 милијарди форинти (околу 68,7 милиони евра), што „МОЛ“ планирал да ја исплати на Колегиумот „Матијас Корвинус“, притоа посочувајќи дека ќе биде постапено согласно важечките прописи.
Претходно, унгарскиот претседател, Тамаш Шуљок, најави дека ќе го предложи Маѓар за мандатар за состав на новата влада, како лидер на партијата што освои најмногу гласови на парламентарните избори.
Ново на Сител
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
-

Лица со хемофилија без терапија а донација стои во магацин 1 месец
-

Примирјето во Либан стапи во сила
-

Европски конгрес на абдоминални хирурзи во Скопје
-

Илон Маск донатор во Стоби
-

Доградба на ОУ „Страшо Пинџур“, од следната учебна едносменска настава во цела О. Ѓорче Петров
-

Мицкоски: Нема проблем во снабдувањето со нафта
-

Мицкоски: Имам се посилни чувства
