Мајка на три сина сакала девојче, останала бремена со тројка – сите три бебиња се од машки пол
Неверојатна приказна од Канада го привлече вниманието на милиони луѓе на социјалните мрежи. Мајка на три момчиња решила со својот партнер да се обиде да добие уште едно дете, надевајќи се дека овој пат ќе биде девојче. Но, наместо едно бебе, дознала дека очекува тројка, и тоа повторно момчиња.
Станува збор за 29-годишната Хана од Онтарио, која со својот партнер Џејкоб веќе имала три сина на возраст од 11, четири и една година.
Кога останала бремена, двојката очекувала четврто дете, но на првиот ултразвучен преглед, во осмата недела од бременоста, следувало огромно изненадување.
Најпрво ѝ било соопштено дека носи близнаци, а само неколку моменти подоцна се открило дека има и трето бебе.

Но, вистинското изненадување допрва следувало. На прославата организирана за откривање на полот на бебињата, двојката дознала дека сите три се момчиња.
Така, семејството кое се надевало на едно девојче се подготвувало за живот со вкупно шест сина.
Видеото од откривањето на полот станало вирално на TikTok, собирајќи милиони прегледи и илјадници коментари.
Ново на Сител
-

Ристоска ја тужи ВМРО-ДПМНЕ за клевета и навреда
-

Стопирањето со БСЖ вакцината ги зголеми загриженоста и одговорите што ги бараат родителите
-

Преглед на вестите од светот
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
