Мајката на претепаната Сара од Охрид тврди: „Барал нож да ја докрајчи, сакал да ја фрли во провалија“

Ирена Ѓорѓиеска, мајката на претепаната 26-годишна Сара од Охрид, која сè уште се наоѓа на болничко лекување, преку објава на Фејсбук изнесе сериозни обвинувања за околностите на нападот врз нејзината ќерка, како и за наводни обиди случајот да биде прикриен.
Таа тврди дека осомничениот за нападот, Кристијан Корабоски, синоќа бил пуштен на слобода, поради што нејзината ќерка, наместо да се посвети на закрепнувањето, живее во страв за сопствената безбедност.
Според тврдењата на мајката, во моментот кога Сара била во бессознание, осомничениот помислил дека таа е мртва, по што наводно го контактирал својот татко и побарал совети како да се ослободи од нејзиното тело.
Ѓорѓиеска тврди дека неговиот татко му давал насоки како да го прикрие случајот, а нејзината ќерка слушнала разговор во кој се споменувало и фрлање на телото во провалија.
Мајката наведува и дека телефонот на Сара претходно бил намерно искршен, со што ѝ била оневозможена комуникацијата и барањето помош.
Особено вознемирувачки се нејзините обвинувања дека лицата од опкружувањето на осомничениот одбивале да ја однесат повредената девојка во болница, иако таа ги молела за помош.
Според Ѓорѓиеска, осомничениот во еден момент побарал нож со намера да ја „докрајчи“ Сара. Таа тврди дека нејзината ќерка успеала да се освести пред тој да ја однесе на друго место, по што била оставена на улица.
Ѓорѓиеска дополнително обвинува дека тетката на осомничениот контактирала со болницата во која е сместена Сара, со наводна намера да се влијае врз медицинскиот извештај и да се прикаже помала сериозност на повредите.
Мајката јавно прашува до кога ќе се дозволува поединци да сметаат дека можат да избегнат одговорност благодарение на семејни, политички и институционални врски.
Во меѓувреме, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 31-годишниот К.К. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, по член 131 став 3 од Кривичниот законик. По барање на Основното јавно обвинителство, Основниот суд во Охрид му изрекол мерки на претпазливост, наместо притвор.
Според информациите од МВР, нападот се случил на 15 ноември околу 2 часот по полноќ, по расправија која започнала во домот на осомничениот, а продолжила во неговиот автомобил. Тој физички ја нападнал својата девојка во возилото, а откако запрел, продолжил со нападот, при што таа изгубила свест и паднала.
Повредената девојка најпрво била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа во болницата „Св. Еразмо“, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Осомничениот бил уапсен во 5:05 часот и задржан во полициска станица.
МВР информира и дека мајката на осомничениот пријавила телефонски закани од 49-годишниот татко на Сара, упатени кон нејзиниот син и семејството. По пријавата, тој бил лишен од слобода во 13:20 часот истиот ден, а полицијата најави соодветен поднесок и против него.
Обвинувањата на мајката на Сара за наводно прикривање на случајот, вмешаност на други лица и обиди за влијание врз медицинскиот извештај засега не се потврдени од надлежните институции.
.
Ново на Сител
-

Годинава најмалото предвремено родено бебе во Македонија имало 530 грама – смртноста е намалена
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
-

Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
-

Филипче: Блиску сме до грчко сценарио
-

Новите технологии ја менуваат стоматологијата
-

Нелојалната конкуренција останува сериозен предизвик за агенциите за недвижности
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
