Мајкл Џ. Фокс: Не можев да паднам пониско од ова
Мајкл Џ. Фокс, можеби најпознат по филмот „Враќање во иднината“, откри дека е благодарен што ги поминал најмрачните моменти во животот, откако му бил отстранет туморот на ’рбетот.
Зборувајќи за списанието „Пипл“ за неговите борби во животот, 59-годишниот глумец објасни оти многу лошо му паднало и тоа кога ја скршил раката.
– Тогаш, просто, пукнав. Бев потпрен на ѕидот во мојата кујна, чекајќи да дојде брзата помош и чувствував дека не можам да паднам пониско од ова. Се чувствував како да нема светло за мене на крајот од тунелот, затоа што во исто време имав и Паркинсон, отстранет тумор, а сега и скршена рака, раскажува тој.
Но, и покрај миговите кога не се чувствувал добро – психички и физички, тој уверува дека неговата благодарност кон животот е искрена и подлабока, сега, откако ги минал сите низ тешки периоди.
– Луѓето не ми веруваат кога велам дека го сакам животот… Мојот живот сега е смирен и, всушност, навистина добро се забавувам, вели Мајкл.
Нему му беше дијагностицирана Паркинсонова болест во 1991 година, а тој јавно проговоре за тоа 1998 година. Скоро потоа ја основа Фондацијата „Мајкл Џ. Фокс“, којашто прибира милиони долари за финансирање на истражувањата околу оваа болест.
Ново на Сител
-

Продолжуваат тензиите на Блискиот Исток: Каква е безбедносната закана за Македонија?
-

Започна судењето на 75 годишниот Денис Асанов, обвинет за свирепо убиство во Штип
-

Поттикнат од бугарски државјанин, скопјанец ширел омраза на ФБ кон македонската држава
-

Тема на денот со Горан Марковиќ, извршен директор на Македонски Телеком
-

Во Министерството за политички систем се земало плата, а не се одело на работа
-

Политички препукувања за трагедијата во Карпош, други двајца повикани во станица дека ги нападнале сопругите
-

Меџити: Вреди ќе стане партија за 2 недели
-

Владин авион утре ќе евакуира 6 лица од Египет – досега 632 Македонци побарале евакуација
