Македонците плаќаат најскапа струја, колку ќе плаќаат за парно?
Ќе се греат ли скопјани по стара цена или од ноември ќе плаќаат поскапо парно? Регулаторна ги прави последните калкулации, барањата на ЕСМ дистрибуција и снабдување се да има зголемување за 50 отсто, додека ЕСМ производство побарале намалување на цената. Пресметките ги доставиле врз основа на очекувањата за пораст на цената на гасот на светските берзи. Сега има и нова наметната такса од Бугарија за транзит на руски гас, која дополнително ќе влијае и може да ја зголеми цената до 30 отсто.
- Според сегашните цени, кои во моментов се движат на берза, а тоа е 40 и 50 евра по мегават час, со зголемувањето од 10 евра за мегават, покачувањето ќе биде помеѓу 20 и 30%. Според овие цени, околу 24% новата давачка ќе влијае врз крајните потрошувачи, вели Бајрам Реџепи, директор на „Номагас“.
Вообичаено одлуката за новата цена на парното се носи два пати годишно - на крајот на јули и крајот на декември. Но сега, бидејќи рокот се пролонгира, од Регулаторна велат дека цела грејна сезона ќе важи истата цена. Топловодот под мостот „Беласица“ е саниран, што значи ќе може да се снабдуваат домаќинствата со енергија од ТЕТО која е пониска отколку онаа која би ја произвеле топланите и ќе значи пониски сметки за граѓаните. Инаку, термоелектраната ТЕТО е најголем потрошувач на гас, а основна дејност и е производство на струја и топлинска енергија. Дали бугарската такса од 10 долари за транзит ќе влијае и врз цената на струјата?
Инаку извештајот на Евростат покажува дека во првата половина од годината просечните цени на струјата за домаќинствата продолжиле да се зголемуваат во однсо на истиот период лани од 25,3 евра на 28,9 евра за 100 киловати.
Од земјите во регионот, најскапа струја плаќаат домаќинствата во Македонија. 100 киловати ги чини 10,5 евра. Зад нас се граѓаните на Албанија кои плаќаат 10,1 евра, додека најевтина електрична енергија во Европа имаат косовските домаќинства – 0,6 евра за 100 киловати. Србите и Црногорците плаќаат 0,96, а Босанците 0,87 евра за 100 киловати.
Просекот во Унијата е три пати поскап од регионот. За 100 киловати плаќаат скоро 29 евра. За да се ублажат високите трошоци за енергија, речиси сите земји имаат субенции во сметките за струја и гас.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
