Македонец застрелал жена од Србија кај Прешево, па се самоубил
Тетовчанец, синоќа доцна вечерта застрелал девојка кај наплатната рампа во Прешево, а потоа се самоубил. Според очевидците, како што пренесуваат српските медиуми, тие претходно се расправале во автомобилот, а кога жената излегла од автомобилот и почнала да бега, тој испукал неколку куршуми кон неа, со што и нанел тешки повреди.
Потоа тој избегал со автомобилот, со регистерски таблици од Тетово, а откако полицијата тргнала кон него тој се вратил на местото на настанот и се самоубил.
Жената која е од Србија, има 30 години според информациите од Србија, а во моментов е на интензивна нега во Клиниката во Ниш, откако претходно борејќи се за живот беше пренесена во најблиската болница во Врање, на низа хируршки интервенции.
Засега нема информации во каков однос биле 30 годишната девојка , и 52 годишниот тетовчанец, кој ја ранил, а после и се самоубил.
Од МВР велат не се надлежни за случајот, бидејќи се случил надвор од границите на Македонија, а од српското МВР за Сител велат во текот на денот ќе дадат повеќе информации.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар