Македонија дел од голема меѓународна акција: Жртви во 50 држави и штета од над 4 милиони евра од интернет-измами

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при Бирото за јавна безбедност, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, учествуваше во меѓународна координирана операција насочена кон разбивање транснационална криминална мрежа инволвирана во организирани инвестициски измами преку интернет.
Операцијата беше спроведена во рамки на меѓународната полициска и правосудна соработка, со поддршка и координација на Европол и Европравда, а во неа учествуваа надлежни органи од Германија, Кипар, Финска, Албанија, Израел, Косово и Македонија.

Како резултат на координираните активности, во различни земји уапсени се седум осомничени лица, извршени се претреси на 17 локации и запленети се повеќе од 100 сервери, како и други електронски докази и средства поврзани со криминалните активности.
Според досегашните сознанија, утврдената финансиска штета надминува четири милиони евра, а потенцијални жртви се идентификувани во најмалку 50 држави.
Учеството во оваа меѓународна операција претставува уште една потврда за активниот придонес на Министерството за внатрешни работи во заедничките напори за откривање и сузбивање на организираниот криминал, како и за унапредување на меѓународната полициска соработка.
Ново на Сител
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
-

Растат платите во Армијата за 10%
-

СДСМ со интерпелација за Стоиљковиќ
