Македонија домаќин на Eвропското ракометно првенство
Македонија по втор пат во историјата е домаќин на најдобрите европски ракометарки.
Денеска нашите ракометарки го играа првиот дуел со олимпискиот шампион Франција, но мотивот и желбата на селекторот Љубомир Савевски не беа доволни да се надиграат французинките, кои лани го освоија и среброто на Мундијалот во Шпанија.
Конечниот резултат заврши 24-14 за Франција, која и на овој шампионат важи за еден од претендентите за највисок пласман и ја совлада нашата селекција со 10 гола разлика.
Но сепак нашите ракометарки во арената Борис Трајковски го оставија срцето на терен, по пауза од 10 години откако повторно играат на Европско првенство во ракомет.
Нашиот главен град ги пречека и ракометарктие на Холандија и Романија, а во понеделник Македонија ќе си ги измери силите на терен со холандските ракометарки, додека на 9 ноември е закажан натпреварот со Романија.
Во Скопје се играат дуелите со Ц групата на европскиот шампионат, на кои покрај нашата земја домаќини се и Црна Гора и Словенија.
Македонија покрај оваа година, единствено беше домаќин на ова првенство во 2008 година.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
