Македонија и „Казанџи Холдинг АС“ со нов енергетски проект вреден милијарда евра
Премиерот Христијан Мицкоски и Шабан Џемил, претседавач на Казанџи Холдинг АС, денеска потпишаа Меморандум за разбирање, со што се отвора патот за реализација на стратешки енергетски проект вреден до 1 милијарда евра кој има за цел да ја зајакне енергетската независност и стабилност на државата.
- Испраќаме јасен сигнал дека имаме волја да го обезбедиме својот енергетски суверенитет. Оваа инвестиција ќе има долгорочно влијание врз енергетскиот систем на државата, изјави Мицкоски на прес-конференцијата по потпишувањето на Меморандумот.
Проектот опфаќа три главни компоненти, развој на нови капацитети за производство на електрична енергија, изградба на дистрибутивна мрежа за природен гас и мерки за зголемување на сигурноста во снабдувањето со гас.
Претседавачот на „Казанџи Холдинг АС“, Шабан Џемил, истакна дека ова е резултат на повеќегодишни подготовки и дека проектот ќе биде развиен со висок професионализам, со цел Македонија да стане стратешки енергетски центар на Балканот.
Со реализацијата на проектот се очекува отворање на нови работни места, поддршка за индустријата и намалување на зависноста од увоз на енергенси.
МИА
Ново на Сител
-
Температури до 43 степени, на сила мерките за заштита од топлотен бран
-
Гаши хоспитализиран поради преплет црева, засега е стабилен
-
Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари
-
Владата ги задолжи државните институции да си ги платат сметките за струја и парно- должат 16,5 милиони евра
-
Слаб интерес кај пратениците за подготовка за интеграцискиот процес
-
Средба Муцунски – Гераптритис во Атина
-
Преглед на вестите од светот
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот