Бизнис
23. July 2025 - 16:48

Со линеарното зголемување на пензиите 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе, а 116 илјади помалку пари

Со новото линеарно зголемување на пензиите околу 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе пари отколку со процентуалниот модел. Пресметката на Сител покажа дека зголемувањето од илјада денари е во корист на оние кои земаат пензија до околу 22 илјади денари. Процентуалното зголемување нив ќе им донесеше од 700 до 850 денари плус. 

На околу 80 илјади пензионери кои земаат пензија до 27.500 денари линеарното зголемување нема да им смени многу оти и со процентуалниот модел би добиле околу илјада денари плус.

Според нашата математика, речиси 116 илјади пензионери ќе добијат помалку, односно доколку зголемувањето би било процентуално, тие би добиле од 1.500 до 3.500 денари.

ИЗНОС ВО ДЕНАРИ БРОЈ НА ПЕНЗИОНЕРИ ПРОЦЕНТУАЛНО УСОГЛАСУВАЊЕ 

(во денари) ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ

До 18.192 25.818 727 +1.000

Од 18.193 до 21.909 123.289 Од 727 до 876 +1.000

Од 21.910 до 27.500 80.105 Од 876 до 1.100 +1.000

Од 27.201 до 43.739 92.900 Од 1.100 до 1.749 +1.000

Од 43.740 до 62.481 19.475 Од 1.749 2.499 +1.000

Над 62.482 3.209 Над 2.499 +1.000

Верче Јанческа од иницијативниот одбор на пензионери вели дека оние со пониски примања се задоволни, а пензионерите со повисоки пензии треба да се солидарни.

„Нас во продавница не не прашуваат дали земаме 30, 60 или 100 илјади пензија. Цените се исти за сите. Нека се стават во положба на оној којшто е со 18.200 пензија“ – Верче Јанческа, иницијативен одбор на незадоволни пензионери

Според Јанческа, изминатите две линеарни зголемувања од по 2 и пол илјади денари значително го подобриле животниот стандард на пензионерите.

„За неполни година и пол имаме 6 и пол илјади покачување во едно семејство. Замислете каде што се двајца - 12.000 денари. Тоа значи внес на уште една трета пензија којашто пред линеарното покачување беше 10.500. Што значи, тие имаат внес на трета пензија“ – Верче Јанческа, иницијативен одбор на незадоволни пензионери

Владата на вчерашната седница одлучи пензиите за сите да се зголемат по илјада денари во септември и во март. За оваа намена годишно ќе бидат потребни дополнителни 135 милиони евра. 

Пред да се распишат локалните избори, пратениците ќе треба да направат измени на законот за пензиско и инвалидско осигурување.