Македонија меѓу земјите со најмалку вакцинирани
Со околу 37 проценти комплетно вакцинирано население против Ковид Македонија е на дното по опфатот на имунизација во регионот, но и во Европа.
Според картата на угледниот The New York Times лидер на Балканот е Грција со 60 отсто вакцинирани со две дози. Словенија и Хрватска имаат по 44 проценти, еден помалку Србија, а најмалку заштитени граѓани само 20 отсто има Бугарија, а само еден процент повеќе има Босна.
Просекот на имунизирано население во ЕУ изнесува 75.6 отсто, покажуваат последните податоци од Европскиот центар за превенција на болести.
Лидер со 92 проценти е Ирска, а над 90 насто вакцинирани граѓани имаат и Португалија и Исланд. На средина на табелата се поголемите држави Германија, Франција и Италија.
Во светски рамки комплетно вакцинирани се 40 проценти од популацијата.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
