Бизнис
4. September 2025 - 17:16

Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%

Раст на економијата од 3,4 отсто во 2 квартал, објави статистиката. Личната потрошувачка на домаќинставта, која има најголемо учество во структурата на бруто домашниот производ, се зголемила за над 6%. Во второто тримесечје пораст е регистриран и кај извозот и кај увозот, додека бруто инвестициите бележат раст од  над 6%. Гледано по сектори, градежништвото има највисоки стапки со 7,3 % раст. Премиерот е задоволен –со вакви бројки Македонија го дели третото место со Хрватска по раст на економијата и според евростат. Од 28 европски земји, пред нас се само Ирска и Кипар. 

„Ова е веќе четврти квартал кога имаме раст на бруто-домашниот производ од повеќе од три проценти, заедно со оваа Влада. Првиот квартал беше третиот од минатата година, кога имавме 3%, па четвртиот 3,2%, па првиот од оваа година 3,2%, и сега е 3,4%. Очекувам до крајот на годината да имаме и квартал кога ќе ја пробиеме границата од над 4%, со што уште еднаш ќе ги демантираме конструкциите и лагите на опозициските партии дека на економијата не и одело добро, рече Мицкоски и додаде: „Ова се бројки, со бројките нема политикантство, со бројките нема играње. Тоа се факти“, изјави Христијан Мицкоски, премиер

 Според сезонските и прилагодени податоци, економијaта во 2 тримесечје се зголемила за 3,2 отсто на годишно ново. Евростат пак објави дека  економијата во Европската Унија, според сезонските прилагодени податоци се зголемила за 0,2%, во однос на претходниот квартал или за 1,5% годишно. БДП во еврозоната, во 2 тримесечје пораснала за 0,1% на квартално или за 1,4 % на годишно ниво.