Македонија прва од Западен Балкан го заврши техничкиот дијалог со ЕК за „Роаминг како дома“

Македонија е првата земја од Западен Балкан што го заврши техничкиот дијалог со Европската комисија за приклучување кон европскиот систем „Роаминг како дома“, соопшти денеска министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски.
Говорејќи на конференцијата „Индустријата и животната средина: профитот не е единствената цел“, во организација на Стопанската комора, Андоновски рече дека со последната размена меѓу преговарачките тимови на Македонија и Европската комисија се усогласени сите отворени прашања поврзани со текстот на договорот.
-Со Европската комисија го усогласивме текстот на договорот и како прва земја од регионот ја завршивме техничката фаза. Сега сме чекор поблиску до тоа граѓаните да ја почувствуваат оваа придобивка при секое патување во ЕУ“ - истакна Андоновски.
Тој посочи дека воведувањето на системот ќе им овозможи на македонските граѓани при престој во земјите членки на Европската Унија да телефонираат, да испраќаат пораки и да користат мобилен интернет според условите од домашните тарифи, без дополнителни трошоци за роаминг.
На самитот ЕУ - Западен Балкан, кој се одржа на 25 ноември во Брисел, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека Македонија прва во регионот го завршила техничкиот дел од процесот. Тој изрази очекување дека македонските граѓани набргу ќе може да ги користат мобилните услуги во земјите членки на ЕУ според домашни тарифи, без дополнителни трошоци за роаминг.
МИА
Ново на Сител
-

Секој втор Македонец пуши цигари
-

Со европски пари се обновува штипско Ново Село
-

Преглед на вестите од светот
-

Пофалби од Атина за напредокот на Македонија кон ЕУ - Средба на Муцунски и Герапетритис
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Скок од 16 места на ранг листата за дигитализација на ООН
-

Сиљановска-Давкова: Секој што тврди дека се работи за уставни измени не е искрен
-

Парното поскапува за 7,5%
