Македонија првпат добива Методологија за енергетска сиромаштија
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини доби позитивен одговор од Секретаријатот на Енергетската заедница за драфт-верзијата на Методологијата за мерење на нивото на енергетска сиромаштија. Во нивниот коментар е потврдено дека документот е во согласност со европските стандарди и со обврските кои произлегуваат од Директивата (ЕУ) 2019/944, која ги задолжува земјите да воспостават и објават критериуми за утврдување на енергетската сиромаштија.
Тоа значи, како што соопшти Министерството утрово, дека методологијата е целосно прифатлива за објава, а воедно претставува и прв ваков систематизиран документ во земјава кој ќе овозможи реално мерење и следење на овој феномен.
- Со оваа методологија првпат се воспоставуваат јасни критериуми за препознавање на ранливите домаќинства - ниските приходи, високите трошоци за енергија во семејниот буџет и ниската енергетска ефикасност на домаќинствата. Овие параметри ќе бидат основа за натамошни годишни програми за заштита на ранливите енергетски потрошувачи. Методологијата е важна зашто ќе овозможи институциите да имаат јасна слика за обемот и структурата на енергетската сиромаштија во земјата, ќе послужи како основа за креирање таргетирани политики и мерки за заштита на домаќинствата кои најмногу се соочуваат со тешкотии при обезбедување енергија и ќе придонесе кон усогласување со европските практики и стандарди, како дел од пошироката агенда за енергетска транзиција и социјална одржливост, наведува Министерството.
Информира и дека веќе работи на следните чекори - подготвување на годишна програма за заштита на ранливите потрошувачи, каде методологијата ќе биде централна алатка за дефинирање на приоритетите и интервенциите.
- Со оваа методологија првпат систематски ќе ја измериме енергетската сиромаштија во земјава. Тоа ќе ни овозможи јасно да ги идентификуваме домаќинствата кои се најпогодени и да креираме прецизни, таргетирани мерки за нивна заштита. Нашата цел е никој да не биде оставен на маргините. Ова е силен чекор напред кон една поправедна и посоцијално одржлива енергетска политика. Со ова, Македонија прави значаен исчекор во градењето на праведна енергетска политика која се грижи за граѓаните и ја става социјалната димензија на енергетската транзиција во фокусот, вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.
МИА
Ново на Сител
-
Мицкоски на работна средба со претседателот и главен извршен директор на Стопанска комора на Дубаи
-
ЦУК: Активни пожарите на планините Кожуф и Добра Вода
-
Сиљановска-Давкова ја почна посетата во САД со обраќање за 30 години од Четвртата светска конференција за жените
-
Одржана комеморација за Кирк: Трамп го нарече маченик за слободата
-
Земјотрес почувствуван во Македонија
-
Франција, Белгија и Нов Зеланд се подготвуваат денеска да ја признаат Палестина
-
Нетанјаху: Палестинска држава нема да има западно од Јордан
-
Марко Ѓуриќ: Изјавата на босанскиот министер за одбрана не придонесува за стабилност во регионот