Македонија со три светски шампиони: Калин и Томи освоија злато, вкупно пет медали од СП во кикбокс

Македонските кикбоксери со фантастичен успех го завршија настапот на Светското првенство за јуниори во Лидо ди Језоло, Италија. Нашата репрезентација освои вкупно пет медали – три златни и два бронзени.
Последниот натпреварувачки ден донесе уште две светски титули за Македонија. Калин Бабоски победи во финалната борба и го освои златниот медал, а на највисокото место на победничкиот подиум се искачи и Томи Андонов, кој исто така славеше во своето финале.
Со тоа тие му се приклучија на Глигор Николов, кој претходно ја освои светската титула во лоу кик до 67 килограми. Николов во финалето го совлада Хасан Алајаров од Азербејџан со убедливи 3-0 и го донесе првото македонско злато на шампионатот.
Македонија од првенството се враќа и со уште две одличја. Драгица Глигорова освои бронзен медал откако беше запрена во полуфиналето, додека Петар Лозановски исто така се закити со бронза по одличниот настап во категоријата до 60 килограми.
Конечниот биланс на македонската репрезентација е:
Глигор Николов – злато
Калин Бабоски – злато
Томи Андонов – злато
Драгица Глигорова – бронза
Петар Лозановски – бронза
Три светски шампиони и вкупно пет медали се конечниот биланс од одличниот настап на македонските кикбоксери во Италија.





Ново на Сител
-

Вучиќ поднесе оставка, пред крај помилува 49 лица поврзани со протестите
-

Протест во Скопје за поддршка на поранешните команданти на ОВК
-

Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска, директорка на ЦУП
-

Заливот на коските и Самоиловата тврдина најпосетени локалитети
-

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
-

Филмот „Македонецот“ потсетник на прогонството и заборавените траги на историјата
-

Делчево очекува деблокада на општинската сметка
-

Протести во Скопје за поддршка на осудените водачи на ОВК
