Македонија учествува на боксерската ревија „Белградски победник“
Македонската боксерска репрезентација успешно го започна учеството на јубилејното 60-то издание на меѓународниот турнир од А категорија „Белградски победник“, откако во 1/4 финалето Илхан Озмен во категоријата до 63,5 кг го декласираше државниот првак на Казахстан и Азиски првак, Васили Самчук со 5-0 и во 1/2 финалето ќе ги вкрсти ракавиците со Лаи Чу Ен од Тајпеј. Ален Рустемов пак, во категорија до 57 кг. победи против домашниот претставник Србинот Лазар Пантиќ откако противникот не се појави во рингот и во 1/2 финалето ќе е соочи со Микеле Балдаси од Италија. На турнирот учество земаат 225 боксери од 25 држави, а со овие победи, репрезентативците Рустемов и Озмен осигураа најмалку бронзен медал на ова мини Светско првенство, на кое предводници на репрезентацијата на Македонија се Васко Цубалевски и тренерот Јове Петровски.
Ново на Сител
-

СДСМ го прослави 35. роденден
-

Тема на денот со Венко Филипче, лидер на СДСМ
-

Румен Радев е апсолутен победник на изборите во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Државниот врв очекува конструктивен дијалог со новата бугарска влада
-

Од полноќ горивата поевтинуваат за 1,5 денар
-

Обвинителството тврди: Парите се на Ристов
-

Обвинетите полицајци тврдеа дека не знаеле дека казните ги издавале на неактивна фирма, наместо на „Пулс“
