Македонија
7. July 2022 - 19:49

Македонија влегува во нов ковид бран

Почнува ли нов петти бран на Ковид и во Македонија? По европските земји и кај нас бројките на новозаразени од ден на ден растат. Само вчера регистрирани се 355 нови случаи, од нив 89 се реинфекции. Според статистиката на ИЈЗ 32 е процентот на позитивни од тестирани, исто кога имавме пикови во претходните бранови.

-Требаше да очекуваме бран на есен кога ќе имаме пониски температури, но еве и при вакви температури од 40 степени имаме зголемен број на случаи, изјави д-р Злате Мехмедовиќ.

Од Комисијата за заразни болести велат дека новите варијанти на Омикрон можат да предизвикаат и пневмонии, но добро е што нема зголемен број на хоспитализации.

-За разлика од првите варијанти кои се задржуваа на горниот респираторен тракт, вели д-р Мехмедовиќ.

Инаку во моментот во земјава има близу 1500 активни случаи, речиси двојно повеќе од пред една недела.

Од Комисијата велат дека ја следат состојбата, но за сега не се планира враќање на рестриктивните мерки.