Македонија
21. July 2022 - 16:44

Македонија во портокалова фаза, бремените и хронично болните да бидат ослободени од работа

По 300 повици и 100-тина интервенции дневно регистрираат во скопската Брза помош. Топлотниот бран го зголеми и бројот на колапси. Тимовите секој ден интервенирале кај 3 до 4 вакви случаи.

-Граѓаните периодов се јавуваат за се, има зголемен број и на сообраќајни несреќи, а зголемен е и бројот на повици за Ковид позитивни, изјави д-р Милица Бубало, раководител во Службата за итна медицинска помош – Скопје.

Од скопската Брза помош советуваат граѓаните да избегнуваат физичка активности во најтоплиот период од денот и да ги почитуваат препораките за за заштита од топлотниот бран.

Од денеска до недела Македонија ќе биде во портокалова фаза. Министерството за здравство препорача бремените и хронично болните да бидат ослободени од работа.