Македонската гордост во Австралија - Престон Лајонс на гости во Македонија
Клубот што со право многумина го нарекуваат најмакедонскиот клуб во дијаспората за првпат во својата богата историја, „лавовите“ од Мелбурн стапнаа на македонска почва, носејќи со себе генерациски сон – да заиграат во земјата од која ја црпат силата, идентитетот и љубовта кон фудбалот.
Престон постои уште од средината на минатиот век, кога првите македонски доселеници во Австралија решија преку фудбалот да ја одржат живата врска со татковината. Претседателот на клуботг Давид Цветковски со многу емоции истакна дека ова е остварување на сонот
Низ овие децении клубот доживуваше трансформации, минуваше низ подеми и падови, но едно нешто никогаш не се смени: Престон секогаш остана симбол на македонштината во Австралија.
Денес, клубот повторно живее златни моменти. Со одлични сезони зад себе и со забележителни резултати на теренот, Престон Лајонс докажува дека е повеќе од спортска приказна – тоа е живо сведоштво за силата и истрајноста на македонската заедница на другиот крај од светот.
Зa Претседателот на клубот, Давид Цветковски ова патување е повеќе од спортски настан: Тој истакна дека Престон е многу повеќе од фудбалски клуб. Тој е оска околу која се собира македонскиот народ во Австралија, промотор на нашата култура и заштитник на нашиот идентитет кој таму се пренесува од генерација на генерација.
Тренерот на Престон Лајонс, Љупче Ацевски, исто така не ја криеше својата гордост што клубот конечно пристигна во Македонија. Благодарен е на Фудбалска федерација и претседателот Омерагиќ и на сите институции за топлото добредојде
Ацевски истакна дека клубот е во одлична форма и спремен за предизвиците во претстојанта сезона уптаувајќи апел дека од голема важност е поддршката на навивачите: „Нашите навивачи отсекогаш биле 12-тиот играч на тимот. Без нив оваа приказна не би била иста.“
Престон веќе одигра пријателски натпревар со Вардар, а во четврток ќе се соочи со Пелистер во Новаци. Натпреварот започнува во 15:30 часот, а сите љубители на фудбалот се поканети да го поддржат најмакедонскиот тим од Австралија.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, исто толку се под контрола, еден е изгаснат
-
Песков: Предлогот на Путин за намалување на нуклеарното вооружување е гест на добра волја
-
Насилство во Прилеп, петмина физички нападнале две лица, користејќи тврди предмети
-
Возач оставил тешко повреден турчин во Државна болница па заминал, турчинот подоцна починал
-
Полицаец од Велес се заканувал на човек од кого купил автомобил кој требало да е исправен, но по кратко возење останал во дефект
-
Мицкоски: Ѓорѓиевски во првите 72 часа ќе го исчисти сметот во Скопје, одговорност ќе има со име и презиме
-
Пешак потешко повреден на патот Струмица - ГП Ново Село
-
Кривична пријава за двајца дебрани за намерно предизвикување пожар во градски парк