Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации

Македонската женска фудбалска репрезентација во новото издание од Лигата на нации ќе биде дел од Ц сегментот. Во пресрет на почетокот на натпреварувањето УЕФА ги одреди термините за одигрување на дуелите од групната фаза.
Македонија е дел од третата група во која за противници ќе ги има Израел, Андора и Фарски острови.
Новото издание од Лигата на нации избраничките на селекторот Александар Андов го отвораат на 2 март идната година против Андора на домашен терен, а четири денови подоцна ќе ја пречекаат селекцијата на Фарски Острови.
На 20 април следува дуелот против Израел на гостински терен, а на 24 април реваншот против Андора. Во последниот круг од натпреварите, Македонија на 11 јуни ќе го пречека Израел, а на 15 јуни ќе им гостува на Фарските Острови.
Пласман во повисок ранг од Лигата на нации ќе обезбедат првопласираните селекции, а двете најдобро второпласирани репрезентации ќе играат бараж против третопласираните тимови во Б дивизијата.
МИА
Ново на Сител
-

35 години Устав – Од историски темел до денешните предизвици
-

Празни клупи во Академијата за судии и обвинители
-

Николоски бара ЕУ итно да го реши проблемот со превозниците и јаглеродната такса
-

Солиден раст, но подлабок минус: Брисел нотира дека Владата го одложи намалувањето на буџетскиот дефицит
-

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе биде пуштен во функција од следниот семестар
-

Новинарите и предизвиците
-

ХПВ вакцинација и редовни прегледи за искоренување на ракот на грло на матка
-

Србија го доби новиот парламент, почна да тече рокот за новата Влада
